Докторка од Италија позитивна на Ковид-19 откако ја примила вакцината

Антонела Франко, директорка на Одделот за инфективни болести во болницата „Умберто I“ во Сиракуза, Италија, за италијанските медиуми изјавила дека е позитивна на Ковид-19 откако е вакцинирана.
Таа рекла дека вакцината повторно ќе ја прими.
-Повторно ќе бидам вакцинирана (потребно е да се вакцинира двапати), бидејќи тоа е единствената шанса да победам во оваа борба. Ако не бев вакцинирана, вирусот сигурно ќе ми предизвикаше поголема штета, рече Франко, пренесува РТС.
-Вакцината произведува протеин спајк, кој помага да се создадат антитела против ковид и го блокира вируелното напредување на вирусот. Тоа ќе овозможи блокирање на репликацијата на вирусите и ќе ги намали патогените ефекти на вирусот, посочи Франко.
Лекарката исто така рекла дека била тестирана пред вакцинацијата, дека резултатот е негативен и дека сигурно била во процес на инкубација.
Претседателот на Вишиот здравствен совет, Франко Локатели, интервенирал и дал изјава за медиумите, велејќи дека вакцината овозможува имунизација само по втората доза.