Доктор Даница Стевковска – нов државен секретар во Министерството за здравство


Доктор Даница Стевковска е нов државен секретар во Министерството за здравство, информираше попладнево министерот Сашо Клековски.

– Имам чест и задоволство да ја именувам д-р Даница Стевковска за државен секретар во Министерството за здравство. Стевковска е доктор на стоматологија, од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. По повеќе години работа како стоматолог од 2015 година е дел од Министерството за здравство, каде што досега раководеше со специјалистичко-консултативна и болничка дејност. Уверен сум дека нејзиното долгогодишно искуство и темелното познавање на здравствениот систем ќе бидат вреден придонес во реформите што ги спроведуваме – објави Клековски на Фејсбук.

Тој ѝ честиташе на Стевковска и во објавата, посакувајќи ѝ многу успех во новата функција.