„Дојче банк“ ја брани одлуката да не излезе од Русија, не било практично
Финансискиот директор на „Дојче банк’ изјави вчера дека не е „практично“ да го затвори својот бизнис во Русија, и покрај сличните потези на големите корпорации кои се обидуваат да се дистанцираат од ризичната држава.Зборувајќи за CNBC, Џејмс фон Молтке рече дека одлуката зависи од должноста на банката да се грижи за своите клиенти во земјата.Неговата изјава дојде откако се зголеми списокот на западни компании кои ги затвораат или паузираат своите операции во Русија. „Голдман Сакс“ во четвртокот соопшти дека го прекинува својот бизнис во земјата, додека HSBC во понеделникот им порача на вработените да почнат да ги прекинуваат своите зделки со руските банки.
„Таму сме за да ги поддржиме нашите клиенти. И така, поради практични цели, тоа не е дострапна опција ниту, пак, би било правилно да се направи во однос на клиентите“, рече Џејмс фон Молтке.
Фон Молтке додаде дека банката ќе биде подготвена да ја преиспита својата позиција доколку политичката ситуација дополнително ескалира и нејзините клиенти во Русија – главно мултинационалните компании – престанат со своето работење во земјата.
„Се разбира, ќе треба да погледнеме како се развива оваа ситуација и да го земеме предвид нашиот отпечаток во Русија додека добиваме поголема јасност во која насока оди таа“, рече тој.„Како што же се намалува присуството на клиентите, така ќе се намалува и нашето присуство во Москва“, додаде тој. Но, Фон Молтке не именуваше ниту еден од клиентите на банката во Русија.
PepsiCo, Coca-Cola, McDonald’s и Starbucks во вторникот изјавија дека ќе го прекинат деловното работење во земјата, приклучувајќи се на лигата на брендови кои ја напуштија земјата по инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин на Украина. Во меѓувреме, санкциите на голем број руски банки и други бизниси им го отежнаа работењето на компаниите во Русија.
Акциите на европските банки драматично пораснаа по инвазијата на Русија, при што пазарите се обидуваат да ја квантифицираат нивната изложеност на конфликтот и санкциите што произлегуваат од Западот.
Дојче банк, од своја страна, се обиде да ги увери инвеститорите дека нејзината изложеност кон Русија е „многу ограничена“.Во соопштението објавено во средата, банката соопшти дека има бруто заеми кон Русија од 1,4 милијарди долари (1,55 милијарди долари), или 0,3% од нејзината вкупна заемна книга. Фон Молтке рече дека банката „сосема успешно“ управувала со пазарниот ризик во раните денови на војната. Тој додаде дека капиталот на банката во нејзината подружница во Москва е „целосно заштитен“ за да управува со валутните ризици.
„Дојче банк“ во минатото „се испече“ во Русија. Во 2015 година, таа го повлече својот бизнис со инвестициско банкарство во земјата по истрагата за потенцијално перење пари од руски клиенти. Подоцна, во 2017 година таа мораше да направи спогодби со Обединетото Кралство и со САД поради префрлање 10 милијарди американски долари, пари од руски клиенти, надвор од земјата.