Дојави за поставени бомби во училишта во Скопје, Тетово и во Битола


Фото: Б. Грданоски

Дојави за поставени бомби простигнале утринава на електронските адреси на неколку училишта во Скопје, Тетово и Битола, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во СВР Битола, СВР Скопје и СВР Тетово досега e пријавено дека на електронските адреси на училишта во Битола (едно училиште), Тетово (две училишта) и Скопје (седум училишта) е упатена закана за поставена експлозивна направа

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Претходно објавивме дека, утрово на службените мејлови на училиштата „Никола Карев“ и „Орце Николов“ во Скопје, биле испратени закани за поставени бомби.

Исто така утрово испратени се и мејлови во училишта низ Битола дека во нивното училиште се поставени експлозивни направи.

Според информации на ТВ21, дојава за бомба има во Основното училиште „Лирија“ во Тетово.

Заканите веднаш се пријавени во МВР и во тек е евакуација на учениците, наставниците и останатите вработени во училиштата.

Денеска извештајот за дојавите за бомби пред пратениците во Собранието

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска пред пратениците во Собранието ќе презентира извештај како касифициран документ за тоа што досега покажала истрагата за дојавите за поставени бомби во училишта и други објекти.

Документот се изготви на барање и на опозициски и на владејачки пратеници и ќе биде прикажан на затворена седница на комисијата за одбрана.