Дојава за бомба на железничката станица во Скопје


Од анонимен број некој се јавил на вработените во железничката станица во Скопје и кажал дека има поставено бомба во објектот, но од полицијата велат дека се работи за куфер на повозрасна жена кој бил оставен до банкомат, а во него имало само алишта. 

Од МВР  информираат дека нема никаква опасност за граѓаните по дојавата за бомба на железничката станица во Скопје.

-Денеска во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на Меѓународна автобуска станица- Транспортен центар во близина на банкомат бил оставен куфер. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, направени се потребните проверки и утврдено е дека станува збор за повозрасна жена која го оставила куферот, во кој имало облека односно нема никаква опасност за граѓаните, велат од МВР.

Случајот во полиција го пријавиле вработените во железничката станица.  Во меѓувреме, сите присутни и вработените во дуќаните биле евакуирани.