„Добра вечер и лека ноќ“ – Калиопи ја промовираше новата песна во Белград (видео)
Во пресрет на трите скопски концерти во Филхармонија (14 ноември, 6 и 7 декември), Калиопи денес, на промоцијата во Белград, ја претстави својата нова песна со наслов „Добро вече и лаку ноќ” (Добра вечер и лека ноќ). Автор на музиката, текстот, аранжманот и продукцијата е повторно Ромео Грилл.
Песната „Добро вече и лаку ноќ“ е достапна на сите дигитални платформи. Видеото за песната, кое го изработи Александар Ристовски – Принц, може да се погледне на нејзиниот YouTube канал.
Песната веднаш ќе ја освои публиката со моќен текст, препознатлива емоција и мелодија што веднаш „влегува во уво“. Веќе по второто слушање, неминовно ќе почнете да ја потпевнувате. Како и секогаш, Калиопи и нејзиниот долгогодишен соработник Ромео Грил создадоа композиција која плени со искреност, топлина и совршена музичка хармонија.