До година Скопје треба да добие нов забавен тематски парк
Градот Скопје планира да изгради нов забавен тематски парк „Свет“, на местото од стариот Луна парк, за таа намена нема да се исече ниту едно дрво, најави денеска градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов.
– Во Скопје за прв пат ќе се гради тематски забавен парк. Ваков парк нема во радиус од 250 километри во нашето опкружување. Тоа автоматски нашиот град ќе го стави на туристичката мапа на регионот. Тоа што е битно и сакам да го напоменам е дека локацијата ќе биде на досегашниот Луна парк. Нема да се исече ниту едно дрво, тоа е многу битно – рече Шилегов.
Најави дека во тематскиот забавен парк ќе има 24 реквизити, од кои седум се досега набавени по цена од околу четири милиони евра, а до сега за партерно уредување се дадени уште 2,5 милиони евра.
– Очекувам дека ние ќе го направиме тоа по сериозно пониски цени. Очекувам дека после денешната презентација, на седница на Советот на Град Скопје, ќе ја усвоиме донацијата на студијата која ќе претставува основа за да се влезе во нејзина имплементација. Мојата крајна цел е некаде кон средината на наредната година, забавниот парк да биде пуштен во употреба – нагласи Шилегов.
Забавниот парк ќе има три зони. Едната ќе биде детска, втората фамилијарна и третата тинејџерска или адреналинска.
Позната италијанска фирма, „Студио архитект“ која го прави проектот, има проектирано повеќе од 45 тематски забавни паркови во Европа.(Б.Б.)
Позната италијанска фирма, „Студио архитект“ која го прави проектот, има проектирано повеќе од 45 тематски забавни паркови во Европа.(Б.Б.)