До 25.000 денари субвенционира Битола купување инвертер клими

Општина Битола, со цел да ги стимулира граѓаните за користење на обновливи извори на енергија за затоплување на домаќинствата, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени, ќе им обезбеди поврат на дел од потрошените финансиски средства за инвертер клима уреди набавени во периодот од денот на објавувањето на овој Јавен повик.
Средствата што ќе ги надоместува Oпштина Битола се во вредност од 50% од вкупната цена на чинење на уредот но не повеќе од 25.000 денари.
Јавниот повик е објавен на веб страната на Општина Битола и истиот ќе се спроведи електронски преку следниот линк www.subvencii-bitola.com.
Услов за учество на Јавниот повик е барателот и членовите на неговото потесно семејство со иста адреса на живеење по лична карта да немаат искористено субвенција за набавка на инвертер клима уреди од претходни јавни повици спроведени од Општина Битола во последните 5 години.
Право на учество на овој Јавен повик имаат сите заинтересирани физички лица – жители на Општина Битола кои имаат набавено инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата од 23.04.2025 година до 29.04.2025 година и кои ги исполнуваат условите дадени во јавниот повик.
Електронското аплицирање започнува од 30.04.2025 година од 08:00 часот до 06.05.2025 година 15:30 часот. На јавниот повик немаат право на учество сопствениците на станбени објекти кои се се’ уште во фаза на изградба.
Бројот на добитници е ограничен до висина на определениот износ од Програмата за животна средина на Општина Битола за 2025 година од 3.000.000,00 (три милиони) денари вклучувајќи го и персоналниот данок на личен доход од 11,111%.
Повеќе информации за повикот и потребната документација, достапни се на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/klimi-2025/.
Дополнително, ќе биде објавено и видео упатство за поедноставување на процесот на аплицирање на граѓаните.