До 11 часот за претседател гласале 12,87%, а за парламентарни 13,69% од гласачите
По четири часа од гласањето на парламентарните избори гласале 241.907 гласачи или 13,69 отсто
Државната изборна комисија на редовна прес – конференција направи пресек на излезноста од 11 часот.
За претседател до 11 часот правото на глас го искористиле 12,87% од граѓаните.
За парламент до 11 часот правото на глас го искористиле 13,69% од граѓаните.
Во вториот круг претседателски избори до 11 часот согласно податоците од 2.080 избирачки места гласале 141.087 лица, односно 12,87 отсто од вкупно запишаните 1.096.219 гласачи. Најголема е излезеноста во Пробиштип, 27,85 отсто, а најмала во Липково, 1,76.
-За парламентарните избори, пак, излезеноста е 13,69 отсто, покажуваат податоците од 1.976 избирачки места каде гласале 140.990 избирачи. Излезеноста е најголема во Кривогаштани, 28,38 отсто, а најмала во Врапчише, 5,2 отсто, соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски.
На прес – конференција по почетокот на денешното гласање, Даштевски информира во однос на претодно пријавените технички проблеми, во три избирачки места биле отстранети, а во Кочани, Охрид и Куманово ќе се продолжело со гасање на стариот начин со гласање со уве лампа и спреј.
Македонија денеска гласа на вториот круг од претседателските избори и на парламентарни избори.