Директорот на СОЗР за неколку години донирал 12.000 евра за ВМРО-ДПМНЕ


 

Очигледно дека на сегашниот директор на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски не му недостигаат пари. Дури може да се каже дека има и повеќе отколку средно богат македонски граѓанин. Затоа што, според денеска објавените податоци на СДСМ, Ивица Томовски, само во 2021 година донира 8.000 евра за неговата партија ВМРО-ДПМНЕ.

Според трагата на парите што ја открива СДСМ ронациите на Томовски се 499.700 денари, 100.000 денари, 70.000 денари, 100.000 денари

„И не само Томовски. И неговиот зет, Кутановски, е донатор на ВМРО-ДПМНЕ. Семејна фирма, семејни донации.  Сѐ е јасно. Вака парите завршуваат во белата палата. ДКСК и Јавното обвинителство да не молчат туку да покренат истрага за конфликт на интерес и за корупција во врвот на владата на Мицкоски“.

СДСМ во саботата објави дека ,,Сити аутсорсинг“ е семејна фирма на Томовски и која  добила 5,3 милиони евра и на 161 тендер особено откако лани ВМРО-ДПМНЕ ја презеде власта.