Димитров на состанок на министрите за надворешни работи во рамки на Берлински процес

Состанокот е предвиден како подготовка на шестиот Самит на Берлинскиот процес, кој оваа година се ќе одржи на 5-ти јули во Познан, а целта е осврт на земјите учеснички во Процесот кон она што е постигнато во изминатата година, идентификувајќи ги достигнувањата, предизвиците и можностите за земјите од Западен Балкан.
Во рамки на трите предвидени сесии, министрите за надворешни работи ќе имаат можност да ги споделат своите ставови и искуства во однос на продлабочување на регионалната соработка и решавање на отворените билатерални прашања, проширување на областите на соработка на младите од регионот, со акцент на Регионалната канцеларија за млади (RYCO), како и за очекувањата во поглед на придобивките од Самитот во Познан.
На постојниот формат на земјите од ЗБ6 и земјите-членки на ЕУ кои досега беа дел од Процесот (Германија, Австрија, Франција, Италија, Обединетото Кралство, Полска, Хрватска и Словенија), годинава им се придружуваат и Бугарија и Грција.
По завршување на состанокот, како што соопштија од Министсртвото за надворешни работи, ќе се одржи и Третата министерска конференција на Фондот за Западен Балкан.