Димитриевски: МАНУ им припаѓа на сите


Максим Димитриевски, лидер на Движењето ЗНАМ-ЗА наша Македонија, реагираше околу иницијативата на Вреди  за формирање Академија на науките на Албанците во Македонија и порача дека науката не смее да се етницира.

-Науката не смее да се политизира ниту пак да се етницира, таа има своја генеза и континуитет.
Ваквите обиди и идеи се резултат на постизборен популизам.Во Македонија постои МАНУ како една и единствена академија која им припаѓа на сите и никаков паралелизам не е дозволен.

Партнерите во власта од ВЛЕН е потребно да се свртат кон економски раст и развој на државата, подобар живот на сите граѓани на Македонија и суштинска заложба во сузбивање на криминалот и корупцијата вклучувајќи ја и политичката корупција.За тоа е потребна и понуда на кадри со чисто минато без криминал и опашки, порача Димитриевски.