ДИК ќе расправа за цената за платено политичко рекламирање


Фото: Б. Грданоски

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе одржи седница во врска со цената за платено политичко рекламирање.

На дневен ред на седницата се Предлог-упатството за начинот и постапката за утврдување на просечно постигнатата цена и најниска цена за платено политичко рекламирање и Предлог-одлуката за утврдување на просечно постигнатата цена  за платено политичко рекламирање.

Членовите на ДИК треба да разгледаат и известување од МИОА за преземање државен службеник.