Девојка од 27 години починала на два метри од Дебарското езеро


Девојка на возраст од 27 години вчера е пронајдена почината на околу два метри од брегот на Дебарското Езеро, во близина на пумпната станица – Дебар.

Станува збор за С.А. од Дебар, а како што информираа од ОВР Дебар, лекар од Општата болница во Дебар, констатирал смрт без траги на насилство.

Нејзиното тело е дадено на обдукција.