Девизните резерви во септември достигнале 3,75 милијарди евра


Фото: Б. Грданоски

 

На крајот на септември годинава, официјалните девизни резерви изнесувале 3,75 милијарди евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување заради откуп на девизи на девизен пазар и задолжување на државата, соопшти Народната банка.

Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (64,1 отсто), по што следуваат валутите и депозитите (25,7 отсто) и монетарното злато (10,2 отсто).

Најниски девизните резерви биле во јуни годинава.