Девизните резерви на крајот на септември 3,9 милијарди евра
Девизните резерви на крајот на септември годинава изнесувале 3,9 милијарди евра, соопшти Народна банка.
Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (63,7 отсто), по што следуваат валутите и депозитите (26,2 отсто) и монетарното злато (10 отсто).