Дете удрено со мотор зад „Скопјанка“, жителите бараат соодветна сигнализација на улицата


Дете е удрено со мотор на уличка зад Трговскиот центар „Скопјанка“ во скопски Аеродром. Ова беше споделено во фејсбук групата „Општина Аеродром – Граѓанска патрола“ каде беше побарано токму оваа улица да биде соодветно означена со сообраќајни знаци и пешаки премин. 

Граѓаните велат дека иако е еднонасична, по улицата се вози во двата правци на одреден дел. 

– Оваа улица позади Т.Ц. Скопјанка која е еднонасочна, но се вози двонасочно на делот од скаличките до паркингот да се обележи пешачки премин и некој знак за пешаци. Секој дневно од тука идат и се вракаат ученици од О.У. „Браќа Миладиновци“ и е опасно за нив. Денес беше удрено дете од мотор, а и претходно имало слични инциденти за среќа без последици како денес, сподели жител од околните згради.