Дете повредено од струен удар на железничка станица Куманово


Дете од Куманово е повредено од струен удар на железничка станица во Куманово, потврдија од кумановската полиција.

-Денеска во 17 часот во СВР Куманово било пријавено дека на Железничка станица во Куманово малолетно лице се здобило со повреди од струен удар. Увидот е се уште во тек, соопшти СВР Куманово.
 
Случајот го потврдија од Итна помош Куманово, укажувајќи дека пружиле помош на дете со повреди од струен удар.