Дете на возраст од 12 години падна од стан во Скопје


Фото: Б. Грданоски

Во неделата, во 17.13 часот во СВР Скопје било пријавено дека од стан на ул.„Лука Геров“ во Скопје паднал 12-годишник од Скопје.

Според пријавеното од мајката, малолетникот паднал во моментот додека бил сам во собата.

Увид извршила екипа од СВР Скопје, а малолетникот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.