Десетта жртва на западнонилската треска


Фото: Б. Грданоски

Седумдесетгодишен пациент со западнонилска треска почина, со што бројот на смртни случаи регистрирани годинава во Македонија се искачи на десет, информираа здравствените власти.

 

Според директорот на Клиниката, д-р Фадил Цана, пациентот 57 дена бил лекуван на Инфективна клиника и имал придружни боелсти.

Последниот објавен неделен извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) се однесува на состојбата заклучно со 22 септември. Тогаш биле регистрирани 70 заболени, од кои 65 потврдени и пет веројатни случаи,

Податоците на ИЈЗ покажуваат дека 63 од 70-те дотогаш регистрирани заболени биле жители на Скопје. Кај 68 пациенти била утврдена невроинвазивна форма на болеста, односно зафатеност на нервниот систем, и сите биле хоспитализирани. На 11 август Центарот за јавно здравје Скопје пријавил епидемија во општините Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром и Бутел.

Западнонилската треска се пренесува преку убод од заразен комарец. Здравствените служби препорачуваат заштита од убоди и отстранување на застоена вода во која комарците се размножуваат.