„Денови на литературата“ со попусти на книги до 70 %, грепки со подароци и повеќе од 30 настани
Шестото издание на „Денови на литературата“ ќе се одржи од 5 до 22 февруари во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на www.literatura.mk. Во рамките на продажната акција ќе бидат понудени попусти на книги до 70 %, грепки со подароци и повеќе од 30 настани: промоции на нови наслови, работилници за деца, како и дружби со маскотите Исидора Мун, Биби и Боби и Стела и Сани.
Продажната акција „Денови на литературата“ ќе се одвива во сите книжарници на „Литература.мк“: во „Дајмонд мол“, „Скопје сити мол“, „Ист гејт мол“, ТЦ „Буњаковец“, на ул. „Македонија“ во Скопје и во Струмица, како и на најголемата е-книжарница www.literatura.mk.
Во рамките на продажната акција ќе има попусти на најбараните книги за возрасни и за деца од 17 македонски издавачки куќи: „Арс Ламина“, „Академска книга“, „Бата прес“, „Бегемот“, „Или-Или“, „Култура“, „Мартина“, „Муза“, „Нампрес“, „Полица“, „Прозарт“, „Сакам книги“, „Светот на Биби“, „Сказнувалка“, „Слово“, „Три“ и „Чудна шума“.
Попусти до 70 % на популарни наслови од фикција, нефикција и книги за деца ќе понуди „Арс Ламина“. Попусти до 40 % ќе има на сите изданија од „Чудна шума“ и на селектирани наслови од „Бата прес“. Со намалување од 30 % ќе бидат сите изданија на „Сказнувалка“, „Прозарт“ и „Муза“, како и избрани книги од „Три“ и „Или-Или“. Со попуст од 20 % ќе бидат сите наслови од „Академска книга“, „Бегемот“, „Нампрес“, „Полица“ и „Слово“, како и дел од понудата на „Мартина“, „Сакам книги“, „Светот на Биби“ и „Култура“.
Секој ден на онлајн-продавницата www.literatura.mk ќе има специјален, дополнителен еднодневен попуст на книги.
„Литература.мк“ и овој пат подготви изненадувања за своите посетители – со купени книги во вредност од минимум 1.500 денари следува грепка со подарок. Секоја грепка е добитна!
„Денови на литературата 2026“, покрај попустите и подароците, ќе понуди и богата програма за деца, родители и за сите љубители на книгите во книжарниците на „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, „Ист гејт мол“ и „Скопје сити мол“.
Сите настани во рамките на „Денови на литературата“ се бесплатни за посетителите. Присуството на работилниците и театарските претстави е со претходна пријава.
Целосната програма со сите датуми и активности може да ја погледнете ТУКА.