Денеска ќе биде објавен добитникот на Нобеловата награда за економија за 2024 година
Стокхолм – Денеска ќе биде објавен добитникот на Нобеловата награда за економија, што традиционално се прогласува последна, според програмата на организаторите за 2024 година. Таа награда е единствената што не била вклучена во тестаментот на шведскиот индустријалец и филантроп Алфред Нобел. Востановена е во негово сеќавање речиси 70 години по другите престижни награди во негово име дури во 1969 година од страна на Шведската централна банка.
Нобеловата награда за економија или поточно наградата за економски науки ја доделува Шведската централна банка (Риксбанк). Тоа е најпрестижната награда во светот за придонес во областа на економијата и се доделува секоја година од страна на Кралската шведска академија на науките.