Денес сончево и топло до 27 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, известуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Минималните утрински температури ќе изнесуваат од 5 до 11 степени Целзиусови, а максималните дневни температури ќе се движат од 19 до 27 степени Целзиусови.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветар од јужен правец.