Демократски сојуз: Да се преговара за Охридската архиепископија е велепредавство


 

Партнерот во Владата, Демократскиот сојуз, вели дека македонско-бугарската историска комисија „не е надлежна  да разговара и преговара  за историските аспекти на Охридската архепископија, по што треба усогласен текст да се вгради во учебниците за основно образование“.

Според Демократскиот сојуз, „Охридската архепископија е поврзана со вековното опстојување и посебноста на македонскиот народ, поради што да се преговара за тоа дали оваа архепископија е македонска или бугарска е рамно на велепредавство. 

Евентуалниот договор ќе биде дел од Протоколот,  тоа значи и дел од Преговарачката рамка за започнување на пристапните преговори со ЕУ.  ДС бара записникот од преговорите јавно да се објави и доколку за ова прашање е разговарано, Комисија (од македонскиот дел) да биде разрешена и во неа да се изберат историчари резистентни на политичко влијание“, се вели во партиското соопштение.