Делегацијата на германското стопанство ќе ги поврзува фирмите од регионот со германски компании


Делегацијата на германското стопанство во земјава во текот на октомври организира два настана преку кои ќе ги поврзува македонските компании со компании од странство.

Како што најавувааат од 20 до 22 октомври заедно со Здружението на метална и електро индустрија – МАМЕИ, ќе се одржи дигитална конференција и саем „Macedonian Manufacturing Expo“.

Целта е на германските компании да им понудат можност да најдат нови добавувачи од Северна Македонија, Албанија и Косово.

Оваа година очекуваат 30-тина германски компании да учествуваат на Macedonian Manufacturing Expo.

Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија и Германско-бугарската стопанска на 29 октомври организира заедничко истражувачко патување на тема рударство во Северна Македонија и Бугарија.

На дигиталната конференција експерти од рударската индустрија ќе ги презентираат можностите и потенцијалот на овој сектор во двете земји како и шансите кои се нудат за германските компании на овие пазари во областа на рударството, машинскиот инженеринг и преработката на суровини.