Делегација на ВМРО-ДПМНЕ со Мицкоски ќе оди на отворањето на клубот во Благоевград

Поголема делегација на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со претседателот Христијан Мицкоски, ќе оди на отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаеров“ во Благоевград на 30 октомври. Во неа ќе бидат и пратениците Рашела Мизрахи и Драган Ковачки, како и Александар Пандов од патриотскиот инситутут на партијата. Тоа го изјавија од партијата за „360 степени“.
Организаторите на свеченоста ги поканија на отворањето и премиерите на Бугарија и Македонија. Димитар Ковачевски изјави дека тој нема да оди во Благоевград.
Клубот има за цел да ја развива македонската традиционална и модерна култура, да гради културен мост меѓу Македонија и Бугарија и да ги зајакне врските меѓу Македонците и Бугарите ширум светот, велат организаторите на настанот.