Дел од Скопје утре ќе остане 9 часови без вода, прекин ќе има и во Капиштец
Дел од жителите на Скопје утре ќе останат без вода поради реконструкција на пумпниот дел во Хидрофор Бардовци и санација на дефект на водоводната мрежа, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Поради реконструкција на пумпниот дел во Хидрофор Бардовци и поставување нова пумпа, без вода ќе биде населеното место Бардовци во периодот од 01:00 до 10:00 часот, односно девет часа.
Дополнително, поради дефект на затворач Ф-150 милиметри на улицата „Народен фронт“ бр. 21, прекин во водоснабдувањето ќе има и во дел од Капиштец.
Без вода ќе останат корисниците на дел од улицата „Народен фронт“, на потегот од Дом на печат до улицата „Франклин Рузвелт“, како и дел од улицата „Васил Ѓорѓов“.
Водоснабдувањето во овој дел од градот ќе биде прекинато од 08:30 часот и ќе трае до завршување на санацијата на дефектот.