Дел од облакодер се урна во Њујорк! „Избегнувајте ја оваа област“ (видео)


Зграда делумно се урна во средаta наутро во населбата Мот Хејвен во Бронкс, а според противпожарната служба на Њујорк (FDNY), се сомнева дека имало експлозија на гас во шахтата за отпад на зградата.

Делумното уривање се случило кратко по 8 часот наутро. Десетици пожарникари брзо се упатиле кон местото на настанот.

Се наведува дека околу 40 станови биле евакуирани.

Според извештаите, експлозијата на гас се случила во шахта за согорување на отпад. Нема извештаи за повредени, објави локалниот Фокс.

„Њујорчани, бев известен за вонредна ситуација што се одвива во областа Мот Хејвен во Бронкс“, изјави градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, во објава на X.

„Добиваме целосна проценка од службите за итни случаи и ќе продолжиме да даваме информации. Ве молиме избегнувајте ја областа за ваша сопствена безбедност.“