Дејан Митески останува градоначалник на Аеродром?


По пребројани гласови од 71 гласачко место во Аеродром, во двојно водство е актуелниот градоначалник Дејан Митески, од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој има псвоено 59,64 отсто од гласовите или 13.626 гласале за него, наспроти Александар Трајановски поддржан од СДСМ, кој има 30,29 отсто од гласовите или за него гласале 6.921.

Остануваат да се сумираат и гласовите од уште 12 избирачки места, во оваа скопска општина.