Дамијано Давид: Учеството на Израел на Евросонг е сложено прашање

Дамијано Давид, фронтменот на италијанската рок група „Манескин“, која победи на Евросонг во Ротердам, во 2021 година, а сега гради соло кариера во САД, зборуваше за учеството на Израел на натпреварот во мај, 2026 во Виена, повикувајќи да се направи разлика помеѓу изведувачот и земјата што ја претставува.
„Мислам дека музиката и културата се под влијание на она што се случува во светот и би било лудо да се мисли дека не треба да се случуваат промени или дека не треба да има никаква дискусија за тоа“, рече Давид во интервју за „Европа Прес“.
„Но, во исто време, навистина зависи од поединецот. Ако уметникот е длабоко вклучен во она што се случува – тоа е едно. Но, ако уметникот е роден во Израел и сака да пее на Евровизија, не гледам зошто треба да биде спречен да го стори тоа.“
Во ноември ќе се знае дали Израел ќе учествува на Евросонг 2026 во Виена
Забелешките на Давид доаѓаат во услови на постојана контроверзност околу учеството на Израел на натпреварот. Повиците за забрана на Израел се интензивираа и оваа и минатата година, при што многумина ја повикуваат Европската радиодифузна унија да ја дисквалификува земјата поради тековната војна меѓу Израел и Хамас.
„Тоа е многу сложен разговор“, додаде Дејвид. „За да се даде вистински одговор, ќе треба да се познаваат сите вклучени и да се разбере што мисли секоја личност. Имало многу потемни времиња во човечката историја, а музиката отсекогаш цветала. Верувам дека тоа е целосно независно движење кое е под влијание на културата, да – но има свое гориво.“
Од Евросонг до Мет Гала: Еве како сега изгледа Дамијано Давид од „Манескин“