Дали знаете кој е најекономичен начин за возење по автопат?
Со која брзина вашиот автомобил е најекономичен?
Сите имаме некоја своја филозофија и мислиме дека го знаеме одговорот на ова прашање, но има некои правила кои се веќе докажани.
Така, за повеќето возила правило е да се забрза што е можно побрзо, да се префрли во најголема брзина, да се вози до 90 km/h и да се одржува брзината на моторот од 1.500 до 2.500 вртежи во минута. Така потрошувачката е најниска, а моторот најмалку се оптоварува, пишува Review HAK.
Што е со брзините на автопатот и економичноста на горивото? Германската експертска организација TÜV препорачува брзина од 70 до 80 отсто од максималната брзина – но таа не смее да надмине 130 km/h.
Ова правило (до 80 проценти од максималната брзина) важи за послабите автомобили кои немаат голема максимална брзина. Затоа, автомобил со максимална брзина од 150 km/h треба да остане во опсегот на брзина помеѓу 105 и 120 km/h.