Дали Унгарија се задолжила за да ѝ даде заем на Македонија?
Медиумите во Будимпешта пишуваат дека унгарската држава во касата нема слободни 500 милиони евра за да може да го финансира заемот за владата на Мицкоски
Унгарските медиуми ја пренесуваат веста што ја објави македонскиот премиер Христијан Мицкоски дека на владина седница во вторникот и вториот дел од кредитот што ќе го даде владата во Будимпешта од 500 милиони евра.
Магазинот „Маѓар наранч“ пишува дека унгарската Ексим банка „обично дава слични заеми, иако не во толку голема сума и не со толку ниска каматна стапка. Не е толку интересно самото доделување на заемот, туку сите други околности“.
Овие втори 500 милиони евра од предвидените една милијарда што беа договорени меѓу премиерите Виктор Орбан и Христијан Мицкоски ќе бидат наменети за враќање на еврообврзницата во исто толкава сума која доспева на 25 јануари идната година. Со каматата од 3,25 отсто македонската влада сака да заштеди пари доколку тоа би го направила на меѓународниот финански пазар.
Првите 500 милиони евра беа одобрени пред неколку месци и се наменети за проекти во општините и помош за бизнисот. Мицкоски во гостувањето на МТВ во вторникот рече дека вторите 500 милиони евра биле договорени „по долги и напорни преговори“.
Унгарската влада, како шти наведува „Маѓар наранч“ никогаш не ја коментираше информацијата за заемот, позитивните вести секогаш ги објавуваше страната што се задолжува.
Унгарскиот магазин пишува и дека „државата Северна Македонија како претпазлива држава сака да си го намали товарот од камати, па ги разменува скапите еврообврзници за евтини меѓудржавни заеми. Дали би добила пазарен кредит или под кои услови државата би можела да издава обврзници, не е познато. Ако не можеше да го направи ова, тоа би значело дека државата е блиску до технички банкрот, а Унгарија обезбедува спас против ова, но веројатно не е така. Тоа е едноставна заштеда од 200 милиони евра“.
Но медиумот наведува дека самата Унгарија не може да го финансира државниот долг под ваквите „фантастични сулови“ со камата од 3,25 проценти. „Се разбира, унгарската државна каса нема толку голема количина на слободни ресурси, па унгарската држава може да ја финансира оваа сума само од заеми или издавање обврзници“. (Н.В.)
Што добива Унгарија ако ѝ даде една милијарда кредит на Македонија?
Унгарија ги плаќа своите заеми поскапо од кредитот за Македонија. Мистерија е зошто