Дали си ладна, топла или неутрална: Избери кармин според бојата на вените


Шведска- Дамите не можат без кармин, како без чевли и чанти, а изборот е голем-од сјаен до мат, хидратантен или долготраен. Ретка е формулата да јадете, пиете и да се бакнувате а карминот да ви остане на усните. Ги комбинирате најчесто со тенот на лицето или со гардеробата, а сега, експертите за убавина на шведскиот козметички бренд „Орифлејм“ ви помагаат да ја изберете вистинската нијанса според бојата на вените на зглобовите на рацете.

Со овој водич, можете да ја најдете нијансата што природно и беспрекорно одговара на вашиот поттон, без разлика дали е топол, ладен или неутрален.

Суперостриот врв на новите кармини на The ONE Colour Stylist Ultimate совршено ги дефинира усните, а заоблениот дел ја покрива целата површина на усните со густа боја. Новиот облик овозможува сосем нов и подобар начин на нанесување кармин на усните!

Новите кармини ви овозможува пигментирана и неверојатно кремаста покривност што ги одржува усните хидрирани и трае цел ден. 24 модерни нијанси, кои одговараат на вашиот стил и ја нагласуваат природната боја на вашите усни, се дел од новата опширна палета на бои.