Дали претстои период на стагнација проследен со висока инфлација – што велат економистите


Претседателот на Здружението на економисти на Србија, Александар Влаховиќ, на бизнис форумот на Копаоник денеска предупреди дека стравот од стагфлација (стагнантен економски раст проследен со висока инфлација) во Европа е повеќе од изразен, а сега клучната неизвесност се должи на руско-украинската криза.

Говорејќи за моменталната состојба на глобалната економија тој истакна дека е нејасно дали ќе се заострува монетарната политика и дали ФЕД и Европската централна банка ќе го жртвуваат економскиот раст.

„Многу економисти сега предвидуваат стагфлација или стагнација на раст со пораст на цените“, рече тој. 

„Растот лани во Европа беше 5,2, но во последниот квартал забави. Австрија и Германија имаа пад во последниот квартал и тие се меѓу нашите најголеми надворешно-трговски партнери“, рече Влаховиќ.

Зборувајќи за Србија, тој оцени дека влезот во оваа година бил добар.

„Геополитичката криза веројатно нема краткорочно влијание, дури и утре да војната да престане. Многу економисти предвидуваат нова светска криза и затоа Србија треба да се подготви“, рече Влаховиќ, додавајќи дека растот во Украина ќе влијае на нивото на економската активност во Европа, а веројатно и во регионот, известува „Блиц“.

Според него, првичните проекции говореа дека светската економија годинава ќе порасне за 4,4 отсто, лани беше 5,9 отсто, но сосема е извесно дека проектираниот раст ќе се коригира.

„Многу економисти предвидуваат дека ќе следи период на стагфлација, односно стагнација на економската активност со висока инфлација“, рече Влаховиќ и додаде дека во јануари годинава инфлацијата во САД изнесувала 7,5 отсто, што е највисоко ниво во последните 40 години.