Дафина Стојаноска се лизна со лажните тврдења за Пендаровски


Стево Пендаровски во Тетово еден ден по пожарот во модуларната болница

 

Во кампањите се прават грешки, што од неподготвеност, што од желба да се наруши кредибилитетот на политичкиот ривал без соодветни факти.

Таква грешка денеска во тетово направи носителката на изборната листа на ВМРО-ДПМНЕ за Шестката, Дафина Стојаноска, која го нападна претседателот Стево Пендаровски дека не реагирал по страшната несреќа во модуларната болница во Битола или дека немал суштинска средба со вундеркиндот Македон Димитриески.

Фактите, за нејзина жал, го покажуваат спротивното.

„Дали некој се сеќава дека излезе со некаков став или изјава по однос на модуларната болница и пожарот кој одзеде 14 животи на тетовчани? Или некој пак памети дали Стево Пендаровски освен што се сликаше со малиот генијалец од Тетово, Македон Димитриески нешто после тоа презеде?

Тоа е доказ дека Стево Пендаровски беше претседател кој имаше само слика, а без глас“, рече Стојаноска.

Од изборниот штаб не Пендаровски одговорија дека ВМРО–ДПМНЕ, „освен што е фабрика за лажни вести, има и кратка меморија“ и наведуваат:

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски, во својство на актуелен претседател на државата појде во Тетово уште следниот ден по трагичниот настан на 8 септември 2021 година. Од таму, тој на 9 септември изрази солидарност со граѓаните на Тетово, но пред сè, со луѓето кои ги изгубија своите најблиски. Истовремено повика на брза истрага и утврдување на причините за пожарот во кој загинаа 14 граѓани. Изјавата на Пендаровски дадена во Тетово, до ден денеска може да се најде на Јутјуб каналот https://www.youtube.com/watch?v=mvZcJ4IWDyk

А за односот на Пендаровски кон Македон Димитровски велат дека тој од шефот на државата доби признание „Млад талент“ и парична награда. „Иако во категоријата ‘Млад талент’, имаат право да конкурираат само ученици од средните училишта, на 25 ноември 2022 година беше награден и Македон Димитровски, тогаш ученик во трето одделение, за неговите натпросечно развиени академски вештини и меморија“.