Црната смрт и денес влијае на нашето здравје, таа е поврзана со чести болести


 

Црната смрт остави толку неверојатен генетски белег на човештвото што сè уште влијае на нашето здравје, речиси 700 години откако ја зафати Европа.

Доба на чумата (црна смрт) е името дадено на периодот на една од најразорните пандемии во историјата на човештвото. Почнувајќи од Југозападна Азија, таа се проширила во Европа кон крајот на 1340-тите, кога пандемијата го достигнала својот врв, и каде што била наречена Црна смрт во 18 век.

Конечниот број на смртни случаи предизвикани од оваа пандемија ширум светот се проценува на околу 75 милиони луѓе, или околу половина од населението на Европа во тоа време.

Во новото истражување, научниците анализирале ДНК на скелети стари со векови и откриле мутации кои им помогнале на луѓето од тоа време да ја преживеат чумата. Но, истите овие мутации се поврзани со автоимуни болести кои се појавуваат во модерното време, пишува Би-Би-Си.

Мутации кои спасиле животи

Со оглед на тоа дека периодот на Црната смрт е еден од најзначајните и најсмртоносните моменти во историјата на човештвото, експертите претпоставуваа дека таков настан мора на некој начин да ја обликува човечката еволуција. Затоа, тие анализирале ДНК од забите на 206 древни скелети и успеале прецизно да датираат човечки останки пред, за време и по Црната смрт.

Тие откриле дека оние со мутации во генот ERAP2 имаат поголема веројатност да ја преживеат чумата. Имено, гените создаваат протеини кои ги разбиваат непријателските микроби и ги покажуваат нивните остатоци на имунолошкиот систем, охрабрувајќи го поефикасно да го препознае и да го неутрализира напаѓачот.

Оние што ги имале вистинските мутации, имале 40 отсто поголеми шанси да ја преживеат чумата.

Гените доаѓаат во различни верзии, некои се активни и ефективни, а некои не прават ништо. Со оглед на тоа дека нивните копии ги наследувате од вашите родители, среќниците од ерата на чумата добија високофункционална верзија на нивните гени, со корисни мутации, а подоцна тоа го „подарија“ на сопствените потомци.

Кронова болест

Научниците ги потврдија резултатите и во лабораторија. Примероците на крв од луѓе со корисни мутации биле поотпорни на бактеријата на чума Yersinia pestis. Дополнително, овие мутации се почести кај населението денес отколку пред Црната смрт.

„Тоа е како да ја гледате Црната смрт во Петриева чинија (плиток сад што го користат биолозите за клеточни култури, наречена по германскиот бактериолог Јулиус Р. Петри, заб.)“, вели еволутивниот генетичар Хендрик Поинар од Универзитетот Мекмастер.

Но, проблемот е што гореспоменатите мутации се поврзани со автоимуни болести како што е Кроновата, воспалителна болест на дигестивниот систем што ги погодува децата и возрасните. Значи, она што им помогнало на нашите предци пред 700 години може да му наштети на вашето здравје денес.

Другите историски сили на нашата ДНК имаат наследство што го чувствуваме. Околу 1-4% од современата човечка ДНК доаѓа од нашите предци кои се пареле со неандерталците и ова наследство влијае на нашата способност да одговориме на болести вклучувајќи го и Ковид.
„Значи, тие лузни од минатото сè уште влијаат на нашата подложност на болести денес, на доста извонреден начин“, вели професорот Луис Бареиро од Универзитетот во Чикаго.

Според него предноста за преживување од 40 отсто е „најсилниот селективен фитнес ефект некогаш проценет кај луѓето“. Навидум ја намалува користа од мутациите отпорни на ХИВ или оние кои помагаат во варењето на млекото – иако тој предупредува дека директните споредби се незгодни.

Сепак, пандемијата на Ковид нема да остави слично наследство

Еволуцијата функционира преку вашата способност да се репродуцирате и да ги пренесувате вашите гени. Ковид во голема мера ги убива постарите лица кои веќе ја поминале точката да имаат деца.

Способноста на чумата да убива низ целиот возрасен спектар и во толку голем број што значеше дека има толку трајно влијание.

Истражувањето под наслов Еволуцијата на имунолошките гени е поврзана со црната смрт беше објавено во списанието Nature.