Црна Гора најзависна од туризмот од сите европски земји, Македонија при дното


Од сите земји во Европа, црногорската економија е најзависна од туризмот, покажуваат податоците од истражувањето на Светскиот совет за патувања и туризам (WTTC), објавени од Landgeist.com.

Како што е наведено во резултатите од истражувањето, туризмот учествува со 30,8 отсто од БДП на Црна Гора. Во Македонија туризмот учествува со 6,6 отсто во домашниот БДП и е при дното на ранг листата, покажуваат податоците.

 

Според учеството на туристичкиот сектор во вкупниот БДП, по Црна Гора следи Хрватска со 24,8 отсто, а Исланд со 21,4 отсто.

Од друга страна, економијата на Русија е најмалку зависна од туризмот со пет проценти, а по неа е Полска со 4,8 проценти, додека на последното место е Ирска со само 4,2 проценти.