Цистерна се преврте на обиколница, повреден возачот


МВР соопшти дека денеска на автопатот Скопје-Тетово, кај исклучок за Визбегово, товарно моторно возило – цистерна со скопски регистарски ознаки се превртело на коловозот.

„Во незгодата со повреди се здобил возачот А.К.(38) од Скопје и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош“, велат од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.