Чистење на резервоарот Рашче, без вода Рашче, Копаница и Бојане


Фото: Б. Грданоски

Чистење на резервоарот на вода во селото Рашче ќе се врши денеска поради што без вода ќе бидат населените места Рашче, Копаница и Бојане. 

Од „Водовод и канализација“ информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 до 13 часот. 

Исто така, поради водоводен приклучок на улицата „Христо Смирненски 13“ од 9 часот до завршување на интервенцијата без вода ќе бидат корисниците на дел од истата улица, поточно на потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди во општина Центар.