Четворица астронаути утрово успешно слетаа на Земјата
По околу шест месеци на Меѓународната вселенска станица (МВС), двајца Американци, еден Русин и еден астронаут од Обединетите Арапски Емирати безбедно се вратија на Земјата, соопшти рано денеска НАСА.
„Crew-6“ на вселенското летало Dragon Endeavor на SpaceX слета на брегот на Флорида околу 17 часа по одвојувањето од МВС.
Тој екипаж, кој ја напушти Земјата во март, го сочинуваат Американците Стивен Бовен и Ворен Хобург, Русинот Андреј Феџаев и султанот ал Нијади од ОАЕ.
Со заминувањето на четворица астронаути, екипажот на станицата повторно се намали на седум члена.