Чествување по повод еден век од раѓањето на Димитар Митрев


Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ денеска од 12 часот организира чествување на Димитар Митрев,  основоположникот на современата македонска книжевна критика, по повод 100 години од неговото раѓање.  Беседа за Димитар Митрев (1919-1976) ќе одржи проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.

Во оваа пригода ќе биде промовирана и книгата „Мозаик од гласови“ од Лидија Капушевска-Дракулевска, која ја доби наградата „Димитар Митрев“ за 2018 година, што за најдобра книга есеи и критика ја доделува Друштвото на писателите на Македонија. Книгата ќе ја претстави проф. д-р Анастазија Ѓурчинова.