Чествување на Гане Тодоровски, бардот на македонската култура


Чествување на Гане Тодоровски денеска на пладне ќе се одржи во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје.

На средбата посветена на 90 години од неговото раѓање беседа за големиот македонски поет ќе одржи писателот Раде Силјан, а стихови од неговото творештво ќе интерпретира актерот Томе Витанов.

Гане Тодоровски беше роден на 11 мај 1929 година, а почина на 22 мај 2010 година. Бардот на македонската поезија Гане Тодоровски зад себе остави големо богатство од книги, научни истражувања и препеви.

Тој беше исклучителен поет, преведувач, професор и член на МАНУ, книжевен теоретичар, општественик, историчар и публицист. Неговото дело е високо вреднувано од македонската книжевна и научна јавност, тој е преведуван на многу светски јазици и е добитник на највисоките книжевни награди во Македонија.