„Чекори што не згаснуваат“- „Танец“ со концерт во чест на Симеон Чулев на 27 февруари во МНТ
Велат дека играорците не заминуваат засекогаш, тие само го менуваат ритамот. Симеон не беше само дел од овој ансамбл; тој беше дел од душата на секое оро, секој чекор и секое искрено ‘Аирлија’! зад сцената. Со својата посветеност, ведар дух и неизмерна љубов кон татковината, тој остави трага што времето не може да ја избрише.
„Танец“ кани на една незаборавна вечер посветена на ликот и делото на прераното заминување на Симеон Чулев. Под насловот „Чекори што не згаснуваат“, овој настан ќе не поведе низ емотивна музичка ретроспектива и славење на трајните вредности кои тој ги остави зад себе.
- Датум: 27 февруари 2026 година (петок)
- Час: 19:30 часот
- Локација: Македонски народен театар ( МНТ )
Информации за продажба на билети:
- Билетара на МНТ: Секој работен ден и пред почетокот на настанот.
- Онлајн продажба: Преку официјалниот систем на влезници на МНТ (mk )