Чави вклучи атрактивна Црногорка – психолог во стручниот штаб на Барселона

Фудбалерите на Барселона од следната сезона ќе можат да се консултираат со црногорскиот психолог Саша Средановиќ.
Атрактивната млада Подгоричанка, Саша Средановиќ, е спортски психолог и е најновиот член на стручниот штаб на Чави во Барселона. Таа има српско потекло, но кариерата ја изгради во Шпанија.
Таа до неодамна работеше во Бетис, а своевремено беше и во стручниот штаб на Атлетик Билбао кој го освои Купот на кралот. Работеше во регионот за љубљанска Олимпија со која го освои Купот.
View this post on Instagram
Од следната сезона ќе биде во Барселона, а во каталонскиот гигант се воодушевени од нејзината работа со спортистите, а бидејќи нејзината биографија е исполнета со трофеи, па се надеваат дека ќе може да ги врати црвено-сините на победничките патеки.
Српски Курир пишува дека таа потпишала со Барселона на шест години.
View this post on Instagram