Централна банка на Албанија ја намали каматната стапка за 0,5 отсто, економијата бележи раст од 4 отсто
Централна банка на Албанија одлучи да ја намали за 0,5 отсто основната каматна стапка, со што овој показател сега е на ниво од 2,75 отсто.
-Надзорниот одбор одлучи да ја намали основната каматна стапка, од нивото од 3% на ниво од 2,75%; каматната стапка на еднодневните депозити од 2% на 1,75% и каматната стапка на еднодневен кредит од 4% на 3,75%, рече гувернерот, Гент Сејко.
Нагласи дека Надзорниот одбор смета дека со овој потег ќе се создадат посоодветни монетарни услови за контрола на влијанието што краткорочните шокови од понудата можат да го имаат врз инфлацијата во иднина.
-Одлуката ја илустрира подготвеноста на Надзорниот одбор навремено и симетрично да реагира на движењата на инфлацијата, кој на среден рок постепено се приближува до целта на банката на ниво од 3 отсто. Идните одлуки за монетарната политика и понатаму ќе бидат условени од нови информации, а особено со анализи и оценки за напредокот на внатрешните инфлациски притисоци, посочи тој.
Овие одлуки, наведе, секогаш ќе бидат во согласност со нашата цел за стабилност на цените, како и конзистентни со фискалната политика и напредокот на девизниот курс.
Според него албанската економија блежи позитивен тренд и во првата половина од ова година забележала раст од 4 отсто.