Цените на нафтата пораснаа во просек за над 1,3 долари


Цените на нафтата утрово пораснаа во просек за над 1,3 долари поради желбата на голем број инвеститори да профитираат од релативно ниските цени на црното злато. Вчера падна за повеќе од два долари за барел откако организацијата ОПЕК+ објави дека дополнително ќе го зголеми производството на нафта.

Фјучерсите за суровата нафта од Северното Море од типот Брент, репер за европскиот пазар, се зголемија за 1,36 долари, или 2,26 проценти, на 61,59 долари за барел утрово.

Американската лесна сурова нафта за испорака во јуни се зголеми за 1,34 долари, или 2,35 проценти, на 58,47 долари за барел.

-Денешното мало закрепнување на цените на нафтата се чини дека е повеќе техничка корекција отколку фундаментална, изјавија аналитичарите на пазарот на нафта.