Цени на горивата: Литар бензин во Венецуела е два центи, во Хонг Конг 2,62 евра, на Балканот е најевтин во Македонија
По руската инвазија на Украина, дојде до силен скок на светските цени на енергијата. Податоците на веб-страницата „Глобалпетролпрајсес“ (Globalpetrolprices) за 28 март покажуваат дека цената на еден литар бензин е највисока во Хонг Конг – 2,62 евра.
Европските земји доминираат на врвот на листата, па заедно со Хонг Конг, во првите пет земји според цената на литар бензин се и Холандија, Монако, Норвешка и Финска.
Најевтиниот литар бензин во светот е во Венецуела, каде што чини само два евроценти (0,023 евра).
Во Либија чини околу три евроценти и во Иран речиси пет евроценти.
Во регионот е најевтин во Северна Македонија
Во земјите од регионот бензинот на 28 март бил најевтин во Северна Македонија – 1,33 евра, а најскап во Црна Гора – 1,74 евра, според „Глобалпетролпрајсес“.
Литар бензин во Србија чини 1.495 евра, во Словенија 1.503 евра, во Босна и Херцеговина 1,54 евра и во Хрватска 1,58 евра.
Еден литар бензин во САД чини 1,1 евро и со таа цена е сепак многу пониска отколку во останатиот дел од индустријализираниот свет, пишува balkans.aljazeera.net.