Цел Холивуд на гала вечерта на Филмскиот музеј во Лос Анџелес (фото)


Лос Анџелес- Не беа Оскари, ама беше гламурозно како оскаровската ноќ на црвениот ќилим. Вечерта беше со изразен гламур и луксуз, па такви беа и креациите  – видовме многу елегантни, убави фустани, со потпис на врвни дизајнери и куќи.

Сега во својата петта година, гала настанот исполнет со ѕвезди собира средства за изложбите на музејот, образовните програми и јавните иницијативи.

Вечерта, исто така, им оддаде почит на влијателните креативци кои оставиле траен белег на индустријата – и во текот на нивните кариери и во изминатата година. Меѓу овогодинешните почестени беа Брус Спрингстин, Пенелопе Круз, Валтер Салес и Бовен Јанг. Директорката и претседателка на Музејот на Академијата, Ејми Хома, ја пофали групата како „раскажувачи чие влијание е докажано дека резонира во филмот и пошироко“, според Deadline.

Спрингстин не само што настапи, туку ја доби и првата награда „Наследство“, во чест на „уметник чие дело инспирирало генерации раскажувачи и длабоко влијаело врз нашата култура“.

Копретседатели на годинешната гала вечер беше моќна група: Џон М. Чу, Виола Дејвис и Џулиус Тенон, Комон, Роберт Дауни Џуниор и Сузан Дауни, Џенифер Хадсон и Алехандро Рамирез Магања.
Погледнете ги најдобрите изгледи на најголемите ѕвезди на Галата на Филмскиот музеј во Лос Анџелес. 

Каја Гербер во Живанши
Кендал Џенер во Роу, Хајли Бибер во Скјапарели
Грета Ли во Диор
Џена Ортега во Грејс Линг
Деми Мур во Прада
Зои Кравиц во Ив Сен-Лоран
Оливија Родриго во Армани Приве
Ела Фанинг во Баленсијага
Аманда Сејфрид во Прада
Вајола Дејвис во Гучи
Селена Гомез во Армани Приве