Бундестагот донесе историска одлука, го отвори патот за значително буџетско задолжување

Во вторникот, Бундестагот гласаше за историски амандман на германскиот Устав, кој овозможува прилагодување на должничката кочница за потребите на одбраната и го отвора патот за значително буџетско задолжување.
Реформата ја поддржаа 513 пратеници, надминувајќи го двотретинското мнозинство од 489 гласови, додека 207 пратеници беа против, пишува Билд.
И покрај предизвиците, новата коалиција, предводена од лидерот на демохристијаните Фридрих Мерц, успеа да го постигне двотретинското мнозинство потребно за измена на должничката кочница за финансирање на воените потреби и формирање фонд од 500 милијарди евра за инфраструктурни инвестиции во следните 12 години. Мерц пред гласањето истакна дека ова е клучен чекор кон создавање на заедничка европска одбранбена политика, во која ќе бидат вклучени и земји надвор од Европската унија. „Одлуката што ја носиме денес би можела да биде првиот голем чекор кон нова европска одбранбена заедница“, рече Мерц.
Коалициските партнери на идната влада ЦДУ-ЦСУ и СПД побрзаа да го изгласаат уставниот амандман во стариот парламент, бидејќи стравуваа дека десничарската АфД и Левица може да го блокираат предлогот во новиот Бундестаг. Овие реформи доаѓаат откако владата на Олаф Шолц падна поради несогласувањата околу сопирачката за долгот, по што следуваа предвремени избори во февруари.
Оваа одлука претставува голема промена во германската политичка динамика, на која досега и се спротивставуваа длабоко вкоренетите стравови од инфлација и противењето на повторното вооружување по Втората светска војна. Според новите амандмани, идниот министер за финансии ќе има на располагање во буџетот дополнителни 23 милијарди евра за воени трошоци.
Пред гласањето, Фридрих Мерц предупреди дека Русија води војна не само против Украина, туку и против Германија, преку напади врз мрежи за податоци, уништување на инфраструктурата, палење и нарачани убиства.
„Ова не е само војна против Украина, ова е и војна против нашата земја“, нагласи Мерц.
Германските инвеститори се многу оптимисти по укинувањето на должничката сопирачка.
Франкфуртскиот DAX (23.380 поени) доби процент на ново највисоко ниво во акциите на Рајнметал. Стимулативната фискална политика доведе и до големо зголемување на индексот ZEW, кој го мери расположението на институционалните инвеститори. ZEW, кој ги мери очекувањата за следните шест месеци, порасна за дури 25,6 поени на 51,6 поени. Ова е највисокото ниво во повеќе од три години.
Пакетот има две компоненти – посебен фонд со 500 милијарди евра за инфраструктура и кочници за промени, пред се за полесно покривање на финансирањето на одбраната.