Бујар Османи предлага интеграција во ЕУ во три чекори


 

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ја повика ЕУ да се придвижи побрзо во интегрирањето на шесте земји од Западен Балкан – или ризикува враќање на етнички конфликти во регионот.

„Македонија е мултиетничка, мултикултурна… Единствениот наратив што ги остави овие конфликтни наративи и стана лепак за сите овие наративи е Европската Унија“, изјави Османи за „Политико“ за време на посетата на Брисел на почетокот од неделава.

„Значи, сите групи, социјални, културни, религиозни, етнички, го делат истиот идеал: ЕУ“, додаде Османи.

По победата на екстремно десничарскиот евроскептик Герт Вилдерс во Холандија и заканите од унгарскиот премиер Виктор Орбан дека ќе ги блокира пристапните преговори со Украина, постои ризик дека моментумот во корист на проширувањето на ЕУ може повторно да заглави.

За да ги заобиколи тие пречки, Османи има прагматично решение: процес во три чекори за постепена интеграција.

Земјите-кандидатки прво ќе добијат статус на „набљудувач“ на масата на ЕУ за време на состаноците на Советот, потоа ќе им биде овозможен пристап до внатрешниот пазар и на крајот ќе станат право да добиваат пари на ЕУ од структурните и кохезиските фондови – без да станат полноправни земји-членки.

Во моментов, „пристапот е сè или ништо“, рече Османи, додавајќи, „зошто ние само… да не почнеме да се интегрираме во ЕУ пред полноправното членство?“, вели тој за „Политико“.